Цивил: Излезноста во Центар е видливо помала


Набљудувачите на невладината организација Цивил забележуваат дека денешната излезност во општина Центар е видливо помала од претходните кругови на гласање во првите часови на денот.

izbori livceРегистрирале случај на јавно гласање на гласачкото место број 2817 во ОУ „Димитар Миладинов“, пришто имало обид да се попречи нивен набљудувач да ја изврши својата задача, со образложение дека немал посебно овластување од Цивил.

Партиско агитирање и евидентирање на гласачи било забележано во близина на речиси сите гласачки места, а пред ОУ „11 Октомври“ имало легитимирање на гласачи пред да влезат на гласачките места, додаваат од Цивил.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1