Со освоени 464 гласа кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски, победи на едното избирачко место (2588) на кое се прегласуваше вториот круг, потврдувајќи ја победата во градоначалничката трка.
Неговиот противкандидат, Александар Наумовски, кој во петкот објави дека се повлекува од изборите, денеска освои 81 глас.