„Луфтханза“ ги откажа речиси сите летови


Патниците на германската авиокомпанија „Луфтханза“ повторно ќе бидат ставени на проба на нервите, јавува Дојче Влеле. Синдикатот Верди закажа штрајк на голем број од вработените.

lufthanza2Како што најави синоќа германската воздухопловна компанија „Луфтханза“, денес ќе бидат откажани речиси сите летови на кратките и средните релации поради штрајкот на персоналот на земјата и на екипажите на авионите. Погодени се аеродромите во Франкфурт, Хамбург, Минхен, Штутгарт, Хановер, Диселдорф и Келн.

„Поради најавениот предупредувачки штрајк во понеделник 22-ри април, речиси сите летови на Луфтханза во Германија и Европа ќе бидат откажани.

Вкупно, од 1.650 летови на кратките релации се предвидува дека ќе има дваесетина“, се наведува во соопштението на компанијата.

Lufthanza_strajkОд „Луфтханза“ предупредуваат дека и некои интерконтинентални летови ќе бидат погодени од штрајкот.

Од меѓународниот аеродром во Франкфурт ќе бидат извршени само 6 од 50 интерконтинентални летови, од Минхен три од 17, додека од Диселдорф ќе бидат извршени три интерконтинентални лета, колку што и се предвидени.

Синдикатот на вработените во секторот на услугите Верди побара зголемување на платите од 5,2 отсто во следните 12 месеци за околу 33 илјади вработени на „Луфтханза“ во Германија, како и гаранции за работните места.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1