Нема да мора веќе да куцате само да смислите – се прави таблет систем за читање мисли


samsung.mind_.controlx299

Јужнокорејскиот електронски гигант „Samsung“ заедно со група на истражувачи работат на систем за управување на таблети со помош на мисли, а во план имаат на крајот оваа технологија да ја понудат на пошироката јавност.

„Samsung“ работи на овој проект заедно со американски научници кои направија кацига со приемници за „EEG“ (електроенцефалографија). Првите извршени тестови овозможија контрола на таблетот „Galaxy Tab 10.1“ со помош на електричните импулси на мозокот. Тие тестови покажаа дека со помош на мислите може да се покренат одредени апликации, да се одбере контакт, да се воспостави повик или да се одбере одредена нумера од листата на песни.

Според луѓето од „Samsung“ оваа направа би можела да им помогне на лицата со посебни потребни да можат да ги користат своите паметни телефон на прилагоден начин за нив.

Контролата на мобилните уреди и компјутери од далечина или со мислите не е нова работа, но „Samsung“ е првиот производител на таблети и паметни телефони кој се ангажираше во истражувањето на оваа проблематика.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1