Лендсат: 40 години ја набљудува Земјата од свемирот



Сателитскиот програм Лендсат прослави 40 годишнина од своето постоење и работа – набљудување на Земјата од свемирот.

Лансиран е во 1972 година под оригиналното име Технолошки сателит за Земјени ресурси (Earth Resources Technology Satellite), Лендсат е непресушен извор за значајни откритија, а седум сателити на овој програм донесоа неверојатни фотографии на нашата планета.
Програмата е најдолг непрекинат извор на податоци за Земјата кој што се направено во свемирот. Научниците со помош на него ја надгледуваат промената на климата, топографијата, географијата и биосферата на нашата планета. Последниот сателит, Лендсат 7, лансиран е 1999 година, а следната година во орбитата ќе отпатува Лендсат 8.
Научниците во чест 40 години работа со Лендсат одбраа 10 најзначајни фотографии и видео снимки од историјата.

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1