Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ја изгуби судската битка за алиментација на бившата сопруга Вероника Ларио.
Судиите во Милано го отфрлија барањето за намалување на износот на алиментацијата, која изнесува три милиони евра месечно, пренесе агенцијата АНСА.
Сега пред поранешниот премиер има само уште една можност – да поднесе жалба до Врховниот суд. Ларио и Берлускони беа заедно 30 години и имаат три деца.
Според одлуката на судот, 76-годишниот политичар ќе треба да и дава на Вероника Ларио по 36 милиони евра годишно, што е веројатно најголемиата издршка на светот, но ќе задржи целосна контрола над бизнисот и над луксузната вила во околината на Милано.