Излет на рибарење на Кариби станал ноќна мора за брат и сестра од САД, кога нивното бротче потонало поради дефект на електричниот систем.
30-годишниот Ден Саски и неговата девет години постара сестра Кејт се од Сан Франциско.
Вистинска филмска авантура со брод кој тоне, рипање во мора, пливање без никаква ориентација, борба со огромна саблјарка, испливување на пуст брег и повторно борба за преживување, се она низ што минале Ден и Кејт. Но, за среќа се спасиле и велат дека повторно би запловиле.