Kрадци го фрлиле сефот на улица – сите минувачи грабале пари


Несекојдневен настан се случил во малиот град Зеделгем од Белгија. Имено, десетици илјади евра паѓале од небо.

Необичната случка уследила, откако крадци кои бегале од полицијата се одлучиле богатиот плен, кој претходно го украле, да го фрлат од автомобил во движење. Крадците го фрлиле сефот полн со пари, кој при падот се отворил и парите се разлетале, а изгледало како да паѓаат од небо.

pljacka-belgija

– Не можев да верувам што гледам. Улицата беше полна со луѓе, а секаде наоколу летаа „сериозни пари“. Сите беа пресреќни, вели еден од жителите во улицата во која се случил грбежот.

Случајните минувачи направиле метеж земајќи ги расфрланите пари. Полицијата на дел од нив им ги одзела парите, но тешко дека ќе може да ги собере сите пари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1