Голема детонација во историскиот центар на чешкиот главен град Прага предизвика големи штети. Повеќе од 50 лица се повредени. Причината за несреќата најверојатно е дефект во гасната мрежа.
Местото на несреќата е историскиот стар град на Прага, омилен меѓу туристите. Улицата Диваделни е целосно покриена во рушевини. Според полицијата повредени се најмалку 55 лица, некои од нив тешко. Според Паскал Стојчески, македонскиот амбасадор во Чешката Република, нема официјални информации за повредени Македонци во експлозијата. Многумина од жртвите се повредени од срчи од стакло. Во околината на експлозијата се распрскаа стаклата на прозорците.
Ексползијата се случила во една зграда со канцеларии, каде се сместени повеќе фирми. Силите за безбедност во рушевините на објектот бараат евентуални натамошни повредени.
– Во домот, каде дојде до експлозија засега спасувачките екипи немаа пристап, но специјалните кучиња неколку пати означија, така да претспоставуваме дека таму може да има три до четири мртви луѓе, изјави директорот на прашката Служба за брза помош, Здењек Шварц.
Причина за детонацијата во близина на Националниот театар според полицијата најверојатно била дефект во гасната мрежа. Повеќемина очевидци сведочат дека почувствувале интензивен мирис на гас на местото на експлозијата.
Силите за безбедност го оградија местото на несреќата и ги евакуираат ближните куќи.
Засега нема информации за повредени македонски државјани во експлозијата која се случи во центарот на Прага, јави дописникот на МИА од чешката метропола.
Според Паскал Стојчески, македонскиот амбасадор во Чешката Република, нема официјални информации за повредени Македонци во експлозијата која се случи во зграда во непосредна близина на Филмската академија за сценски уметности (ФАМУ) при што се евакуирани над 200 лица, а на 55 луѓе им е пружена медицинска помош.
Амбасадата по контакт со надлежните чешки органи очекува да ги добие потребните информации за евентуални повредени од Македонија.
Според екипите на прва помош, четири лица се со потешки повреди, а кај останатите се работи за полесни повреди. Додека се работи на откривање на причините за несреќата, сообраќајот во близина е блокиран и местото е обезбедено од полицијата. Според првичните информации се работи за експлозија на гас.