Агентите на ФБИ пронашле ДНК на жена на остатоците од една бомба со која е извршен напад на бостонскиот маратон а исто така е претресена и куќата на вдовицата на убиениот бомбаш.
“Генетскиот материјал можеби припаѓа на женска особа која била во просторијата каде што се изградени бомбите, но можно е и да е во прашање ДНК на работничките од продавницата во која е купен материјалот, или па дури на некоја од ранетите во , навел изворот кој изјавил дека ништо нема да е оставено на случајот и ќе се испитува евентуална вмешаност на жените блиски до осмоничените браќа .
BBC јавува дека агентите во склоп на истрагата ја претресле куќата на Кетрин Расел (24), вдовицата на Тамерлан Царнаев, кој заедно со својот брат е осомничен за нападот во кој погинаа 3 лица а повредени се повеќе од 260.
Освен ДНК примероците на Расел, агентите од нејзината куќа на Роуд Ајленд изнесле и неколку со материјал кој би можеле да послужат како доказ во случајот против браќата Царнаеви.