Над 100 поддржувачи на Тито денеска на неговиот гроб во куќата на цвеќето му одаддоа почит и положија цвеќе.

Според српските медиуми меѓу поддрѓувачите имало најмногу луѓе од Македонија и Словенија, а најавена била и голема група од БиХ. Прва положи цвеќе на гробот вдовицата на Тито, Јованка Броз.
Подржувачите дојдоа, украсени со значки со ликот на Тито, носејќи знамиња на Југославија и поранешниот Сојуз на комунистите, и капи со црвена ѕвезда.
Јосип Броз Тито, почина на 4 мај во 1980 година. , во болница во Љубљана, а на неговиот погреб во Белград присуствуваа повеќе од 200 високи функционери од 127 земји. Тито беше на чело на Југославија 35 години и имаше одлична репутација во светот. Посебно значење имаше за меѓународните односи, тој беше еден од основачите на Движењето на неврзаните земји.











