13 годишник ја убил својата мајка и се обидел да ја силува зошто му ја зела видео играта


13-годишниот Ноа Крукс од американската држава Ајова, е осомничен за убиство и обид за силување на својата мајка Гречен, поради тоа што мајка му ја зеле видео играта, откриено е на судењето. Момчето сега има 14 години а убиството го извршил во март 2012.

Поротата вчера ја преслуша снимката во која момчето ја повикало итната помош и го принава убиството.

crooks5n-1-web–Не се шегувам. Мртва е. Се плашам. Ја убив мајка ми со пиштол. Не знам зошто го направив тоа, се слуша гласот на момчето на снимката.

Крукс кој сега има 14 години, е обвинет за првостепено убиство и напад со намера за сексуално злоставување од 24 март 2012 година. Во текот на телефонскиот разговор со вработениот во Итната помош, кој траел околу 10 минути, момчето неколку пати го признал злосторството, пренесе Дејли мејл.

-Се чувствувам како лудак, а знам дека не сум. Мислам дека имам пореметување на недостаток на внимание. Се обидов да ја силувам. Се обидов но не можев. Кој се обидува да ја силува сопствената мајка? Мојот живот е отпишан, се слуша гласот на Крукс на снимката.

Тој понатаму раскажува дека мајка му тој ден му правела крофни и изрази неверување дека можел да ја убие после тоа, но и открива дека се разлутил поради тоа што мајка му му ја зела видео играта (Call of Duty), бидејќи го запоставил училиштето.

338354_porodica-kruks-grecen-i-vilijem-fb_ffТелото на Гречен Крукс е пронајдено на кревет во семејната куќа, изрешетано со куршуми.

Беше гола од половината надолу, наведе на судењето заменикот на локалниот шериф Џеф Хафталин на судењето.

Адвокатот на Ное Крукс тврди дека неговиот клиент не ја убил мајка си, туку дека момчето претрпело напад на лутина и било непересметливо за време на убиството. Одбраната на Крукс вели деак тој страда од психичко пореметување поради кое има епизоди на импулсивно, агресивно и насилно однесување.

Вилијем Крукс татко на момчето вели дека синот му пратил порака во која рекол дека случајно ја убил мајка си, дека му е жал поради тоа и го повикал да дојде дома. Таткото на судењето раскажал дека мајката и синот често се карале но набргу се смирувале и си играле заедно. Тој кажал дека токму мајката за 11-ти роденден на Ное му го купила пиштолот за подарок.

Таткото рекол и дека синот еднаш рекол дека сака да ја убие мајка си, но дека тој не го сфатил тоа сериозно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1