Обидете се да спиете најмалку 7 часа, не прескокнуваје го појадокот, јадете шарено овошје и зеленчук, научете да готвите, дишете длабоко, дружете се, играјте и смејте се повеќе – ова се некои од едноставните совети на Др. Оз.
Ова се неговите златни правила:
Смејте се – Освен што го ублажува стресот, смеењето го регулира крвниот притисок, го подобрува имунолошкиот систем и ги прави луѓето посоцијални. Затоа, широко отворете го срцето за хумор, смејте се на шегите на луѓето околу вас или пак на вашите омилени ликови од тв сериите.
Појадувајте – Оние кои не појадуваат се послаби од оние кои го прескокнуваат појадокот и секое утро брзаат кон работа. Многу важно е секогаш да пронајдете време за здрав и богат појадок богат со хранливи влакна. Доколку наутро изедете порција житарици со суво грозје и ореви нема да ве мачи неиздржливиот глад, така што и многу помалку ќе мислите на слатките.
Јадете подобро. Намирниците со живи бои се вистинско богатство на флавоноид и каротеноид, моќни комбинации кои ги врзуваат слободните радикали, воедно спречувајќи ги воспаленијата. Наместо витаминските додатоци, обидете се често да конзумирате овошје и зеленчук.
Опуштете се со јога и дишете длабоко кога имате можност. Вдишете па издишете и повторно пак се додека белите дробови не се наполнат со кислород, кој ќе ги прошири вашите крвни садови, со што ќе се чувствувате позадоволно и посмирено.
Јогата исто така го смирува стресот, го смалува крвниот притисок, го забавува бројот на отчукувања на срцето и ги опушта мускулите кои исто така стануваат пофлексибилни, со што се намалува ризикот од повреди.
Избегнувајте ги екстремните диети – со 100 калории помалку на ден, можете да ослабете до 5 кг . месечно.
Одете на спиење секој ден во исто време. Не си го скратувајте сонот, кој не само што го ублажува стресот, туку и го продолжува животниот век, го изострува помнењето и ја смалува нашата желба за калорична и нездрава храна.
Три пати на ден испијте по една шолја зелен чај кој го јакне имунитетот, ги поправа оштетените станици, ја поттикнува концентрацијата и го подобрува расположението. Исто така, овој чај содржи полифеноли кои штитат од рак и го јакнат срцето.
Четкањето заби не е доволно. Доколку одредени делови меѓу забите не можете да ги исчистите со четкањето заби, обидете се тоа да го направите со забен конец, бидејќи доколку не го направите тоа, на нив ќе се насоберат бактерии. Тоа не е само хигиенски проблем, туку бактериите го зголемуваат ризикот и од болести на срцето.
Skopje info