Американскиот Сенат усвои мерка која ќе ги обврзува интернет гигантите како што се Амазон или ибеј да плаќаат данок на продажба во согласност со локалните закони.
За да овој закон стапи во сила, потребно е да биде усвоен и во Долниот дом на американскиот Конгрес, во кој мнозинството пратеници не се согласуваат со досегашните олеснувања на пласманот на стока по пат на Интернет поради непостоење данок на таков вид продажба.
Доколку овој закон биде усвоен во американскиот Конгрес, секоја од 50 сојузни држави ќе го оданочува овој вид продажба во согласност со локалните закони. Висината на овој вид данок варира од држава до држава во распон од 2,9 до 7,5 отсто.