Една жена од Тексас, која неодамна наполни 105 години, ја откри тајната на својата долговечност, која веројатно ќе им се допадне на многумина.
Перл Кантрел изјави за американски медиуми дека својот 105 роденден го доживеала благодарение на сланината.
– Ја обожувам сланината, ја јадам секој ден. Не се чувствувам старо колку што сум, тоа е се што можам да кажам, рече таа.
Перл живее во централен Тексас, вели дека и натаму активно се занимава со танцување. Исто така ја опиша својата раскошна прослава на 105-от роденден, тридневно славење со над 200 гости.
За волја на вистината, нејзиното тврдење се уште не е потврдено од науката.
Експерти од Универзитетот во Цирих спроведоа истражување кое покажало дека лицата кои недоволно конзумираат црвено месо, умираат порано од оние кај кои тоа не е случај, но и оти премногу сланина во исхраната може да доведе до рак на дебелото црево.