Фотографијата направена помеѓу остатоците од срушената зграда во Бангладеш дава сосема поинаков фокус на судбината на 800-те жртви кои го загубија својот живот во оваа страшна несреќа. Фотографијата, која за само неколку часа предизвикала огромен интерес на интернет, ја прикажува прегратката на две жртви во фабриката во Бангладеш.
Таслима Акхтер, фотограф од Бангладеш ја овековечила оваа тажна и потресна глетка, а за “Time” таа изјавила дека поминала цел еден ден правејќи фотографии, но во моментот кога ја направила фотографијата од последната прегратка на парот, според нејзините зборови, нешто во неа се скршило.
“Гледав во нив двајца и ги видов нивните последни моменти, како прегрнати се обидувале да се спасат меѓусебно, да ги спасат своите животи”, изјавила Акхтер, која е позната по фотографирањето на глетките по големите несреќи. Таа со својот фотоапарат била присутна и во ноември, кога пожар во фабрика во Бангладеж уби повеќе од 100 работници, а тогаш таа изјавила: “Ги фотографирам за да им одадам почит затоа што тие работеле напорно за многу малку пари, а нивните животи се многу евтини, речиси и обезвредни”.
Tocka.mk