Се враќате дома од одмор и по слетувањето дознавате дека вашите куфери завршиле на некое непознато место. Што се случило?
Судејќи според инфографиката, која ја објави Индепендент во Ирска, постојат голем број причини, кои можат да бидат одговори за исчезнувањето на вашиот багаж. Доколку сте едно од 26-те милиони лица, кои останале без својот багаж во 2012 година, постои веројатност од 48 отсто дека во прашање е лоша распределба за време на трансферот.
Следната најчеста грешка, која погодува 17 отсто од луѓето е проблемот при товарењето.
Проблемите со багажот се почести на големите аеродроми, отколку на помалите, но врз ова влијае и самиот регион во кој се наоѓа аеродромот. Аеродромите во Европа значително почесто „го голтаат“ багажот, отколку аеродромите во Азија.
Иако може да изгледа дека во прашање е голем заговор, кој има за цел луѓето намерно да ги одвои од нивниот багаж, авиокомпаниите поради овој проблем годишно губат 2,6 милијарди долари.