17 лица се застрелани во напад во Њу Орлеанс, САД, за време на парада за Денот на мајките, пренесуваат американските медиуми.
Според полицијата, две или три лица започнале да пукаат кон толпата од непознати причини. Помеѓу застреланите има и 10-годишно девојче, но ниту еден од застреланите не е во животна опасност.
Во парадата учествувале од 300 до 400 души, а во делот каде било пукано имало околу 200 души. По пукањето биле видени три лица како бегаат од местото на настанот.