И за уривање куќа ќе ви треба дозвола – нов закон


Одобрението за отстранување на објектот ќе го издава Општината, а граѓаните и компаниите покрај доказ за сопственост, ќе мора да достават и проект за уривање

rusenje-zidaГраѓаните и градежните компании што имаат намера да урнат објект за да изградат нов во иднина нема да смеат самоволно да уриваат, туку ќе мора да добијат одобрение од општината. Ако некој граѓанин самоволно урива може да биде казнет со парична казна од 1.000 до 3.000 евра, а за компаниите казните изнесуваат до 5.000 евра.

Ова е пропишано со измените на Законот за градењето кои веќе влегоа во собраниска процедура. Целта на измените е да се стави ред со сите што уриваат, ја уништуваат јавната инфраструктура и ја загадуваат околината. Измените на Законот предвидуваат и драконски казни за сите што ќе се осмелат да градат спротивно од планот.

Kомпаниите мора до почетокот на 2015 година да ги исполнат условите за непречен пристап на лица со инвалидност, во спротивно ќе бидат казнети, а казните се ригорозни и достигаат и до 20.000 евра.

Законодавецот пропишува дека одобрението за отстранување на објектот ќе го издава општината, а граѓаните и компаниите покрај доказ за сопственост ќе мора да достават и проект за отстранување на објектот или негов дел.

Градежниците велат дека се консултирани за измените на законот и се согласуваат со нив бидејќи веќе е време да се стави ред во хаосот, но не се согласуваат со високите казни кои како што велат се за европски услови, а не за македонски.

Повеќе на – Дневник

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1