Врховен ги потврди петте години затвор за Брат Љубе


Врховниот суд ја потврди пресудата на Апелација за пет години затвор казна за Љубе Бошкоски за две кривични дела „злоупотреба на службената должност и овластување“ и „незаконско финансирање кампања“, јави „А1он“, повикувајќи се на извори од судот.

Ljubo-Boskovski-pritvoren-u-Skoplju_ca_largeСо ова завршуваат можностите на Бошкоски пред домашните судски истанци за случајот „Кампања“ и му останува евентуално судот во Стразбур.

Инаку, Апелација претходно ја намали првичната казна од седум години, која ја изрече Основниот суд.

Освен за предметот „Кампања“, на Бошкоски му се заканува и затворска казна за ликвидацијата на Марјан Тушевски и Киро Јанев во досието „Ровер“, чие следно рочиште е на 20 мај.

 

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1