Вечерва почнува изборот за песна на Евровизија


Со настапот на Австрија, вечерва во 21 часот во Малме Арената ќе почне натпреварувачкиот дел на 58-иот избор за Песна на Евровизија.

Evrovizija2013Во првата полуфинална вечер ќе се натпреваруваат 16 земји, а првопласираните десет ќе се пласираат во саботното финале каде ќе ги чекаат домаќинот Шведска, Велика Британија, Франција, Италија, Шпанија и Германија. По Австрија, следат настапите на: Естонија, Словенија, Хрватска, Данска, Русија, Украина, Холандија, Црна Гора, Литванија, Белорусија. Молдавија, Ирска, Кипар, Белгија и Србија.

Втората полуфиналната вечер има 17 земји.

Годинашниов избор за Песна на Евровизија носи големи новини на начинот на гласање. Годинава, победникот ќе биде одреден со комбинација на гласовите од телевоутинг и стручно жири во сооднос 50-50%. Секое национално жири ќе биде составено од пет члена и за прв пат во историјата на Евровизија, секој член на жирито мора да ги рангира сите песни, на пример од 1 до 16 место во првата полуфинална вечер, од 1-17 место во втората полуфинална вечер и од 1-26 место во финалната вечер. Доколку две земји треба да добијат ист број бодови од некоја земја која ќе гласа, поголемиот број поени ќе го добие земјата која имала повеќе бодови од телевоутингот.

Погледнете ја генералната проба на учесниците во првата полуфинална вечер.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1