Канал 5 телевизија пренесува трогателна сторија за малата Ружа која се грижи за својата мајка, не оди на училиште, а мајката моли за помош, нема документи за да извади здравствено осигурување.
-Перам, готвам, чистам се што треба. Сакам многу да учам, најмногу сакам историја, вели Ружа Дурашиќ. Од мали нозе е борец, прерано ја почувствувала суровоста на животот. На место мајки и да се грижи за неа. Седмо одделенката деновиве не оди на училиште, времето го минува покрај креветот на мајка и која има гангрена на ногата.
-Па ми рекоа дека ако навреме се оперирам ќе може да ми се спаси ногата над колено, објасни Сузана Георгиев Дурашиќ за Канал 5.
Сузана не може да замине на операција, нема социјално осигурување, иако родена во Македонија нема лична карта. Живееле во Србија од времето на СФРЈ се додека не се развела од таткото на Ружа. Кога се вратиле не добиле подобар живот мајката се разболела, ја изгубила работата, не можела да плаќа кирија и морале да дојдат во старата куќа во скопско Чучер Сандево. Со малкуте пари била на приватен лекар, но пари снемала, а раната се шири. Бара помош од институциите да и помогнат да извади документи, за да може да оди на операција, пренесува телевизијата.
Доколку саката да помогнете телефонот за контакт е : 077 966-403 , Сузана.