Екс ЈУ републиките потфрлија на Евровизија – испаднаа сите – остана само Македонија


На 58-то издание на песната за Евровизија кое се одржува во Малме, Шведска, во првото полуфинале земјите учеснички од поранешна Југославија не изборија пласман во финалето.

Screenshot_123-621x320Испаднаа Словенија, Хрватска, Црна Гора и Србија, а на нив им се приклучија Кипар и Австрија.

Во финалето во сабота ќе ги видиме и слушнеме преставниците на Данска, Литванија, Белорусија, Естонија, Ирска, Молдавија, Русија, Белгија, Украина и Холандија.

Босна и Херцеговина оваа година нема претставник на Евросонг, а сите други претставници од поранешните земји од Југославија настапија вчера, со исклучок на Македонија. Со оглед на тоа што ниту една од земјите од регионот денес не обезбеди пласман во финалето, последната надеж останува кај Македонија

Преставниците на Македонија Влатко Лозановски и Есма ќе настапат во втората полуфинална вечер во четврток.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1