Зеле пари од лихвар, па по 13 години останале на улица


Семејство од Скопје зело пари од лихвар во 2000 година, па по 13 години останале на улица кога нивниот стан во строгиот центар на Скопје им бил одземен, но не од лихварот, туку од адвокатот, кој бил посредник во целата работа. Ова е накратко приказната на семејството Хаџи-Накови, кои ја откриваат целата шема како функционира лихварството во Македонија, пишува Дневник.

lihvar pariСега живеат под кирија, а нивната голгота започнува во 2000 година кога одлучуваат да земат кредит од 30.000 германски марки, пари што на Димитар му биле потребни да купи камион и да започне сопствен бизнис. Во тоа време банките потешко одобрувале кредити со поголем износ поради што решиле да побараат пари од лихвар. Бидејќи не познавале ниеден, нивен познајник-адвокат ги поврзал со позната жена-лихвар во тоа време. Од неа зеле 30.000 германски марки. Договорот бил тој да враќа по 1.200 марки месечно само за камата и вкупниот заем од 30.000 марки да го врати за една година. За завршената работа, според Хаџи-Наков, адвокатот зел околу 5.000 германски марки.

Пред да ги земат парите лихварот побарал залог поради што мајката на Димитар под хипотека го оставила станот во кој живееле на „Kеј 13 Ноември“. Првите три месеци редовно го враќал долгот и ја плаќал каматата. Проблемите почнале кога, според него, истата година на Kосово му го украле камионот за што била известена полицијата. Kамионот не бил пронајден и работата запрела. Наредната година лихварот ангажирал нотар и ја активирале хипотеката.

pariСемејството Хаџи-Накови решило да ги тужи адвокатот, неговата мајка и лихварката.

– Во меѓувреме ми се јави адвокатот и ми рече да ги повлечам сите тужби, а за возврат ќе ни даде 10.000 евра. Но зошто да ни даде пари ако е чист пред правдата – прашува Виолета и бидејќи тој стан го изгубиле незаконски, не ги повлекле тужбите. Адвокатот им се јавувал често им им ветувал дека ќе им купи друг стан. Во меѓувреме Апелацискиот суд пресудил во корист на семејството Хаџи-Накови поради што станот требало да им биде вратен. Но, тој се жалел на пресудата по што судењето било вратено од почеток и во октомври лани било пресудено во негова корист. 

Хаџи-Накови. Иако, како што велат, станот незаконски им е одземен за што покажуваат и документи, сепак не успеале да го докажат тоа, туку на нивно големо изненадување пред два месеца за кривичното дело лихва е осомничен нивен член -Димитар Хаџи-Наков. Тој се товари дека наводно му се заканувал на адвокатот и зел 300 евра поткуп. Поради ова, на Хаџи-Наков му беше одреден домашен притвор од 30 дена.

Целата сторија на – Дневник 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1