Целиот настан се случи попладнето на 30 август. Беше прекрасен ден, а јас се враќав од работа накај дома. Кога стигнав, целата кујна беше преплавена со вода.
Некаде протекуваше. Го земав алатот и почнав да го поправам мијалникот. Кога ги видов цевките, забележав дека изгледаат подолги од вообичаено. Кога почнав да лазам за да ги проверам целосно, сватив дека тие се наоѓаат во еден тунел. Како што продирав подлабоко во тунелот, наеднаш сватив дека се наоѓам во иднината.
Годината беше 2042 и кога го погледнав човекот до мене сватив дека тоа сум јас на 72 годишна возраст. Кога направив неколку тестови за да се осигурам дека тоа сум јас, тој знаеше се за мене. Каде ги сокрив моите тајни работи кога бев прво оделение и кој беше резултатот против Växjö Norra во летото 1988 година. Знаеше се.
Ја имавме и истата тетоважа, иако кај него беше малку избледена. Тој ми кажа за некои од работите кои допрва ме очекуваат, но не сите. Му ветив дека нема да кажам на никому.
Направив и видео со мојот мобилен. За жал квалитетот не е баш најдобар. Всушност и не ми е многу важно дали луѓето ми веруваат или не.
Дали мислат дека сум лажго или не. Јас знам дека не сум. Се видов себеси во иднината и бев одличен. Тоа е се што знам.