ВИДЕО: Трагичен крај на епско патување – сакаше да стигне пеш до светско првенство, загина на пат


Американецот Ричард Свонсон тргна од Сиетл и неговиот план беше со дриблање да помине 16.000 километри низ 11 земји и следната година да пристигна во Сао Паоло пред почетокот на Светското фудбалско првенство.

fan-zagina-500Трагичен крај на едно епско патување на еден вљубеник на фудбалот. Американецот Ричард Свонсон загинал во Орегон откако го удрила кола, односно пикап, пишуваат американските медиуми.

Имено, 42-годишниот фудбалски фан одлучил пред две недели пеш, односно со водење на топка да стигне до Сао Пауло еден од градовите домаќините на Светското првенство во фудбал следната година.

За жал неговиот подвиг завршил трагично и многу рано.

fudbal pregazen

Тој ја покренал и интернет страницата breakawaybrazil.com посветена на ова патување. Во видеото во кое се претставил пред патувањето Свонсон вели дека е татко на две возрасни деца и дека ја загубил својата работа како графички дизајнер.

Неговиот сон бил да присуствува на СП во Бразил, а тој е голем фан на МЛС тимот Сиетл.

Го подржуваше проектот One World Futbol projekt со кој била направена „неуништлива“ топка, а една таква била пронајдена до неговото тело кога загинал. Инаку сите средства од секоја купена ваква топка биле наменети за децата од најсиромашните делови од светот.

Оваа трагедија шокираше многумина, а уште повеќе оние кои за овој случај дознале, за жал по трагедијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1