Ќе ни се раздени ли вечерва?


Ова е прв „Евросонг“ на кој ниту една земја од просторот на бивша Југославија не обезбеди пласман за финале, па затоа со големо нетрпение се чека вечерашниот настапот на Македонија

Директниот пренос од „Малме арена“ почнува во 21 часот на државниот сервис, нашите адути Есма и Влатко настапуваат трети со„Пред да се раздени“.

esma evrovizijaГодинава на „Евросонг“ не учествуваат Босна и Херцеговина, Португалија Словачка и Турција, за нас многу важна поради гласовите. Тие се повлекоа поради политиката на петте земји (Англија, Шпанија, Франција, Германија, Италија ), кои, всушност, и го финансираат „Евросонг“ и кои без оглед на квалитетот на песната, имаат обезбедено финале. Освен тоа, не им се допадна овогодинешната стратегија освен гласовите на публиката, во обѕир да влегуваат и гласовите на стручното жири, што го намалува ефектот на турската дијаспора.

Епилогот на првата полуфинална вечер се упатува на повеќе адреси, што може да се разбере и како заговор против балканските земји – Хрватска по четврти пат не успеа да влезе во финале, Црна Гора и покрај автентичниот настап и ултрамодерната песна, помина неславно исто како Словенија и Србија.
Еве кој се ќе се натпреварува за гласовите на публиката заедно со нас вечерва

1. Латвија – „Пер“, „Here we go“

2. Сан Марино – Валентина Монета, „Crisalide“

3. Македонија – Есма и Лозано, „Пред да се раздени“

4. Азербејџан – Фарид Мамадов, „Hold me“

5. Финска – Криста Сикфридс, „Marry me“

6. Малта – Џанлука Бецина, „Tomorow“

7. Бугарија – Елица и Стојан, „Само шампиони“

8. Исланд – Ејдур Инги Џинлаугдон, „Йg а lнf“

9. Грција – „Коза Мостра“ и Агатонас Јаковидис, „Alcohol is free“

10. Израел – Моран Мазор, „Rak bishvilo“

11. Ерменија – Гор Суџијан, „Lonely planet“

12. Унгарија – „ByeAlex“, „Kedvesem“

13. Норвешка – Маргарет Бергер, „I feed you my love“

14. Албанија – Адријан Лулѓурај и Бледар Сејко, „Identitet“

15. Грузија – Софо и Нодико, „Waterfall“

16. Швајцарија – „Tакаса бенд“, „You and me“

17. Романија – Цезар, „It’s my life“

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1