Мострите одат во Франција за финална потврда имаат ли беснило мачките во Скопје


Агенцијата за храна и ветеринарство(АХВ) ќе ги испрати мострите во референтната лабораторија на Европската унија во Нанси – Франција, за вршење на дополнително лабораториско испитување и финално потврдување на присуството на вирусот на беснило.

BulgariaМострите се испраќаат за добивање на целосна верификација на резултатите што ги покажаа првичните анализи во националната референтна лабораторија при Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, кои покажаа присуство на беснило кај мачките.
Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи да постапува согласно законските прописи со кои е пропишана задолжителната вакцинација на домашните миленици (кучиња и мачки) против беснило.

Што се однесува до бездомните животни, општините, односно Градот Скопје продолжуваат со заловување на уличните кучиња и мачки. Заловените кучиња и мачки од реонот на Радишани, ставени се под 15 дневен надзор на стручни лица.

Неодамна мачка заразена со вирусот на беснило нападна човек во скопската населба Радишани, по што беа земени примероци и беше утврдено присуство на вирусот на беснило. Организациите за заштита на животните побараа мострите да бидат испитани во некоја европска лабораторија за да се утврди дали навистина станува збор за вирус на беснило.

Макфакс

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1