Првообвинетите за тероризам Алил Демири и Африм Исмаиловиќ не се знае дали воопшто ќе бидат екстрадирани во Македонија, бидејќи имале двојно државјанство, изјавил косовскиот министер за правда, Хајредин Куци, за порталот Сетајмс
– Косово не ги екстрадира своите државјани. Двете лица за кои станува збор се косовски државјани, покрај тоа што имаат македонско државјанство – изјави министерот Куци за Сетајмс.
Алил Демири и Африм Исмаиловиќ беа уапсени на Косово и сега судските власти во Приштина им судат за нелегално поседување оружје.
Македонската полиција и Интерпол во мај лани, по нив распиша меѓународна потерница. Двајцата заедно со братот на Африм, Агим Исмаиловиќ кој е во притвор во Македонија, обвинителството ги товари дека ги убиле четирите момчиња и рибарот на брегот од Железарското eзеро.