„Булгариан Eр“ размислува за воведување редовни авионск линии Скопје-Софија, беше соопштено на работната средба во Македонско-бугарската стопанска комора, каде како што посочија засега се праи анализа за исплатливоста на летовите.
„Заинтересирани сме за влегување на македонскиот пазар со воведување авиолинии што ќе овозможат директно поврзување на Македонија преку Аеродромот во Софија, со европските и светските метрополи, вклучувајќи го Апенинскиот полуостров (Шпанија и Португалија)“,изјави Марија Стојанова, комерцијален директор на бугарската авио-компанија.
На разговорите во Комората учествуваа и претставници на македонското Министерството за транспорт и врски, воздухопловните власти и компанијата ТАВ. Интерес за воведување чартер летови кон Црноморското крајбрежје пројавија и неколку туристички агенции од Скопје и Охрид.
Faktor.mk