Хрватски тим научници успеа да изолира вирус што кај живината предизвикува смрт, а на луѓето би можел да им помогне затоа што ги уништува канцерогените клетки.
Откритието пристигна од Ветеринарниот факултет во Загреб што веројатно внесува дополнителна забуна во тоа како би требало да започне потребната процедура, вакцините или лековите кои го содржат спасоносниот вирус да почнат низ клинички испитувања да се применуваат и на луѓе.
Професорот Хрвоје Мазија и неговите колеги, прим. др. Динко Човиќ и др.Синиша Иванковиќ го заштитиле и патентирале вирусот ЗГ1999ХДС кој ги уништува сите канцерогени клетки и од кој би можело да се направи револуционерна терапија за лекување рак.
Имено, хрватскиот научен тим кој ги вршел испитувањата врз експериментални глувци користејќи го вирусот може за само две недели да произведе вакцина која би требало да се применува и на луѓе.
Ова револуционерно откритие може да го смени пристапот во лекувањето на човечките тумори и да спаси голем број животи. Научниците овој вирус им го вбризгале на глувци кои имале тумори на дебелото црево и на дојките и тој за само 72 часа ги уништил сите канцерогени клетки. Сега научниците се залагаат за основање Центар за клинички испитувања во кој би се применувале и развивале експериментални терапии. Засега во Министерството за здравство на Хрватска се подготвени да ја поттуркаат оваа иницијатива и да им помогнат.
На прашањата поврзани со оваа тема за МИА одговараше професор Хрвоје Мазија.
Целото интервју со него на следниот – ЛИНК