Пронајдена вода која била изолирана 3 милијарди години – дали има и на Марс? (Видео)


На длабочина од три километри под површината на земјата, во Канада се откриени подземни води, што укажува на тоа дека повеќеклеточните организми, настанале и пред времето за кое што досега се претпоставувало. Британските и канадските научници, откриле водени џепови, за кои велат дека се заробени временски капсули, кои дури три милијарди години биле одсечени од површината на земјата.

Pećina-300x164Тие тврдат дека во оваа вода, за која сметаат дека е една од најстарите на Земјата, постојат услови за живот, бидејќи е богата со хемиски сусптанци кои подржуваат опстанок на организмот, во отсуство на сончевата светлина.
Највозбудливо од се, сепак, е сличноста меѓу карпите каде што водата била заробена и оние на Марс, што само ги зголемува надежите дека длабоко под површината на Црвената планета, исто така има вода во која постои живот.
Научниците од Универзитетот во Манчестер, Ланкастер, Торонто и на Универзитетот Mekmaster, била анализирана вода што течела од бунари во рудникот во Онтарио, на длабочина од 2400 километри.

„Потсетува на заробена временска капсула“, вели Барбара Шервуд Лолар, геохемичар од Универзитетот во Торонто.
„Таа може да ни даде важни информации за атмосферата во периодот пред 2,7 милијарди години, и за течноста која имала влијание врз формирањето на скапоцените минерали на кои се заснова рудното богатство во Канада.

0927-mars-nasa-rock-curiosity-waterfull600Геомеханичката реакција со камењата укажува на тоа дека водата содржи растворени водород и метан, како и благородни гасови како хелиум, неон, аргон и ксенон, кој бил заробен од раниот период на формирањето на Земјата. Овие гасови се во можност да обезбедат енергија од страна на микробите, кои не биле изложени на сончева светлина милијарда години, објаснуваат научниците.

„Нашето откритие е многу важно за научниците кои се обидуваат да сватат како микробите се развиваат во изолација, како и за нашето настојување да го разбереме потеклото на животот, опстанокот, како и животот во екстремни услови и на други планети“, вели водачот на проектот Крис Балентајн од Универзитетот во Манчестер.

voda

Со примена на револуционерната техника, развиен на Универзитетот на Манчестер, се покажало дека течноста е стара околу 2,7 милијарди години што значи дека е половина помлада од самата Земја.
„Колегите од Канада се обидуваат да утврдат дали во водата има живот“, вели доктор Грег Холанд од Универзитетот во Ланчестер.
„Тоа што сме сигурни е дека го идентификувавме начинот на кои планетата може да создаде и да создаде и да ги сочувува условите кои ќе го погодат животот на микробите за милијарда години“, дополнува тој.
„Старата вода претставува Канадски штит, која што содржи хемиски супстанци за кои знаеме дека микробите ги користат како енергија во отсуство на фотосинтеза, која се одвива под влијание на сончевата светлина“, вели професор Шервуд Лолар.
„Тоа потврдува дека старите карпи имаат потенцијал да го поддржуваат животот. Без разлика дали се наоѓаат на три километри под површината на Земјата или под површината на Марс.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1