Фестивал ИДФ Скопје 2013 ке се одржи по трет пат во Скопје а позитивните искуства од прошлиот натпревар со учество на повеке од 500 натпреварувачи од 7 земји од Европа ни потврдуваат значение и потреба за оваков вид на презентација на Македонија како земја која има квалитетен кадар и талентирани балетски играчи и танчари.
Настанот ке се случи во спортската сала Форца на 25.мај 2013. и ке се состои од два дела.
Првиот дел е меѓународен натпревар во кој ке учествуваат балетски училишта,танцови клубови и компании од земја и странство. Пријавени се учесници од Бугариа,Србија,Романиа и Хрватска како и од цела Македонија (Скопје,Радовиш,Струмица,Кавадарци,Куманово), околу 600 учесници од 50 клубови,компании и балетски училишта.
Вториот дел е Гала Концерт на кој учествуваат најдобро пласирани учесници на натпреварот и танчарите од балетско студио Ребис кое е и носител на овој проект.
Натпреварот почнува во 10 часoт. ,со натпреварувачи на возраст од 8-16 години,деца и јуниори. По завршеток на овој дел следи прогласување на освоени места,додела на дипломи,медаљи и пехари за наградените. Во 13 30 почнува вториот дел од натпреварот во кој учествуваат сениори (возраст од 16 до 25 год). Натпреварот ке заврши во 17 часот.кога почнува доделување на награди и завршно дефиле на сите учесници.
Сите учесници се натпреваруваат поделени по:
-возрасни групи (деца,јуниори,сениори),
-категории (соло,дуо,трио,мала група,група,формација и продукција)