Тајна откриена по 70 години: Творецот на Џејмс Бонд помагал за да се заташка вистината (ФОТО)


Во јули 1941. година Британската разузнавачка служба открила дека нивниот човек од доверба, Французинот Пјер Лаблаш Комбије, кој бил на задача во Шпанија, оддавал тајни на француската влада.

Капетанот Пјер се придружил на британската морнарица, но останал верен на својата влада.

news_112899Творецот на Џејмс Бонд, Џан Флеминг, тогашен официр, поднел официјален извештај дека капетанот Пјер се удавил. Но службата М16 била виновникот за неговото „исчезнување“.

Кога откриле дека Пјер е двоен агент и дека оддава доверливи информации на Франција, кои можат да и наштетат на Англија, тие го киндапирале.
4
Британските агенти го претепале и ставиле во багаж од автомобил, со намера да го префрлат во британската амбасада, а потоа на Гибралтар.

Меѓутоа, во автомобилот Пјер се разбудил, почнал да тропа и вика од багажот. За да го замолчат, еден од агентите го удрил со рачката од пиштолот. Тој удар бил фатален. Неговото тело најверојатно го фрлиле во море и поднеле лажен извештај за неговата смрт. Дури и неговото семејство никогаш не ја дознало вистината.

Документите за неговата смрт се откриени 70 години подоцна, но неговите сопруга и ќерка починале и никогаш не ја дознале вистината.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1