Ветробранското стакло на авионот во кој бил чешкиот премиер, пукнало за време на летот


avionВетробранското стакло на авионот на чешката влада, со кој во Русија патувал премиерот Петр Нечас, пукнало за време на летот, а во инцидентот, за среќа, нема повредени, и авионот безбедно слетал во Москва.

Канцеларијата на чешкиот премиер соопшти дека до инцидентот дошло во близина на Минск во Белорусија, на летот со кој Нечас патувал во Москва на разговори со руски функционери.

Пилотите најпрво ја разгледале можноста за принудно слетување, пред да одлучат да го продолжат летот, на помала висина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1