Поп и оџа заедно ги чистеа православните гробишта во Косово


Свештениците од Косово Поле, попот Никола Драгичевиќ и имамот Ремзи Годени заедно со амбасадорот на ОБСЕ Жан-клод Шлумбергер ги посетија православните гробишта. Тие прво ги пребројале оштетените гробови, а потоа ги чистеа.

Со посетата и чистењето на гробиштата, двајцата свештеници упатија јасна порака до заедниците дека оштетувањето на гробовите и спомениците на починатите не е во прилог на никого.

groblje– Целта на посетата на гобиштата е да покажеме дека секој од нас треба да ги чува, не само сопствените туку сите гробишта во Косово Поле, како православните, така и муслиманските и оние на Ромите. Порачуваме да не се оштетува она што го изградиле нашите луѓе, православни, муслимани и Роми, туку да ги чуваме гобиштата, да ги чистиме и да ги уредуваме – истакна Драгичевиќ.

На двајцата свештеници во акцијата на чистење на отпадот донесен од ветерот, но и од луѓе им помогнале поголем број граѓани кои доброволно дошле и ја подржале акцијата.

– Нашата цел е да му покажеме на народот дека ние немаме меѓуетнички и меѓуверски проблеми. Треба да ја почитуваме најпрво другата за да можеме да ја почитуваме сопствената вера, посочи Годени.

– Многу сум среќен што сум меѓу двајца мажи, попот и имамот и тоа е доволен знак за да кажеме дека сме заедно – истакна Шлумбергер..

Десетици гробови и надгробни споменици биле оштетени. Дел од нив веќе почнаа да се санираат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1