Експлодира бомба во скопската населба Автокоманда ноќеска само еден час после полноќ.
Бомбата била поставена под автомобил, сопственост на скопјанецот Н.М. (30), информира полицијата.
Според неофицијални и непотрврдени информации станува збор за Никола Митревски, кој е осуден на шест месеци заедно со Александар Василевски – Нинџа за нанесување тешки телесни повреди на Драганчо Стојменов, главниот сведок во случајот „Детонатор“, јави Канал5.