На аеродромот „Никола Тесла“ близу Белград утринава изби пожар во електричен столб, кој се проширил и на главниот влез во аеродромот.Со брза интервенција на пожарникарите, пожарот бил навреме локализиран.
Според тамошните власти, пожарот избил во електричен столб, кој потоа преку инсталациите се префрлил на главниот влез во аеродромот.
Во пожарот две лица се полесно повредени, а терминалот каде изби пожарот е затворен. Авионските летови кои се реализирале од овој терминал, префрлени се на друг и авио сообраќајот функционира без прекини.