Ова се документите поради кои Љ. Фрчковски заглави на лустрација


Во еден документ објавен на интернет-страницата на Kомисијата, од 1994 година, се гледа решение со кое тогашниот министер за внатрешни работи донел решение да се примени мерката тајна контрола на телефон спрема лице од Битола.

frcko11Тоа лице било под обработка на СДБ поради контакти со бугарски дипломатски претставници во нашата земја, со припадници на ВМРО – СМД во Бугарија и припадници на врховистички организации во странство и со други екстремно определени лица. Целта било да се обезбедат докази за противуставна дејност на лицето. Друго вакво решение се однесува за лице што живеело во Гостивар во 1992 година бидејќи дејствувало кон насилна промена или загрозување на уставниот поредок и безбедноста на републикава.

во личното досие бр.26281 постои решение за примена на мерката тајна контрола на телефон и други телекомуникациони средства од 3.3.1993 година. Такви решенија постојат и во многу други досиеја што ги наведува Kомисијата од 1992, 1993,1994,1996 ,1997 година при што најчесто биле изрекувани решенија за примена на мерки за контрола на телефони и за прислушување работни простории.

Доколку сакате да ги видите документите во целост, кликнете ТУКА.

frcko11

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1