Повеќе не може кој сака да ги шета туристите низ Охрид


ohrid

За прв пат годинава, пред почетокот на туристичката сезона, во Охрид нема таканаречени туристички водичи кои на диво им ја раскажуваат историјата на градот и ги нудат убавините на најатрактивните локации на туристите, често со искривени приказни и неточни податоци.

Општината реши да ја спречи ваквата појава. Во придружба на гостите може да има само лиценцирани туристички водичи, останатите ќе се гонат прекршочно и ќе следува парична казна. Општинските инспектори секојдневно се на терен.

-Согласно законот секоја група мора да има лиценциран туристички водич. Секојдневно имаме засилен инспекциски надзор без разлика дали има приговор на туристичките водичи и на туристичките капацитети. Се утврдува дали тие ги исполнуваат законските услови, вели раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски.

Vecer

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1