Македонците рекордери во труење со Солна киселина


По двајца Македонци дневно се трујат со апчиња. Еднаш неделно по еден случај на обид за самоубиство со пиење на солна киселина. Македонија рекордер во европски рамки по труења со корозивни средства. Токсиколозите незадоволни од статистичките податоци кои постојано имаат тренд на зголемување. Околу 700 пациенти годишно пробале да се самоубијат со пиење на големи количини  диазепам или лексилиум. Над 130 кои избрале потежок начин и пиеле солна киселина.

solna kiselina„Aко ви кажам дека развиени европски земји во повеќе од 10 години ги имаат тие бројки што ние ги имаме за една година ќе сватите зошто сме рекордери…Труењата со корозивни средства се многу тешки, бараат долг третман и скапо лекување. И кај лековите имаме тренд на зголемување, но тоа речиси е така во многу земји“, вели за Сител, Андон Чибишев директор на Токсикологија

Најголем број од намерните труења се од Скопје. Возрасната граница е од 35 до 55 години. Од Токсикологија реагираат дека имало случаи кога половина Интензивна нега на клиниката е со пациенти кои пробале да си го одземат животот со пиење апчиња или киселина.

„И ние не можеме да сватиме ниту пак да ги дознаеме причините за овие обиди. Но во принцип станува збор за недоразбирања или кавги во фамилијата а помалку поради љубовни проблеми“, вели Чибишев

За разлика од пред неколку години, смртноста кај труењата со солна киселина е сведена под 5 проценти.

Sitel

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1