Детенце на возраст од две ипол години е прегазено од автомобил попладнево околу 13 часот на улицата „Едвард Гарден“ во Дебар.
Од полицијата за Курир ја потврдуваат несреќата, информирајќи дека се случила додека момчето си играло, а автомобилот кој бил паркиран во близина почнал да се движи, по што детето било прегазено.
Лекарските екипи не можеле да сторат ништо за него.
Во паркираниот „Опел“ немало никој. Ниту возач, ниту совозач, или било кое друго лице. Полицискиот увид кој е во тек треба да утврди како автомобилот кој бил паркиран почнал да се движи и под кои околносто малото дете е починато.
Од полицијата не’ информираа дека сопственикот на автомобилот бил повикан во полиција, по што тој дошол и во тек се разговори со него за побрзо расчистување на несреќниот случај.
Kurir