Доцна синоќа, околу 23:40 часот, вработен како обезбедување во комплексот „Плаошник“, пријавил дека во комплексот, преку заштитната ограда влегло едно непознато лице со возило и најверојатно врши ископување.
Полициските службеници излегле на лице место, при што констатирале дека се работи за 45-годишниот В.Т. од Охрид, кој со возило марка „Фолксваген“ влегол преку оградата во комплексот „Плаошник“. Кога дошле полициските службеници, тој се дал во бегство.
Истиот бил видно под дејство на алкохол и по издадената усна наредба да застане, истиот почнал да фрла камења кон службениците, а бегајки, два пати паднал во ископините. По приближување на полицајците, В.Т. со рака замавнал кон едниот од нив, но не успеал да го удри. Со нога замавнал и го удрил другиот полицаец во пределот на десната надколеница.
В.Т. бил приведен во СВР Охрид, каде му е извршено алкотестирање, при што е констатирано присуство на алкохол во крвта од 1,97 промили.
По целосно расчистување на случајот против В.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Супер радио