Македонски автомобил настрада на протестите во Истанбул


За време на протестите на плоштадот Таксим во Истанбул оштетен е службениот автомобил на Македонскиот конзулат.

turcija– Колата е оштетена, на хаубата, односно на покривот. Најверојатно некој од демонстрантите скокал по неа за време на протестите. Автомобилот веќе е однесен на поправка која ќе ја плати Владата на Република Турција. Не е голема штета, но имаше и автомобили кои беа запалени, за среќа не и нашиот, вели во изјавата телевизијата Канал 5, Зерин Абаз, генерален конзул на Македонија во Истанбул.

Од Македонски конзулат информираат дека постојано се отворени и ги предупредуваат македонските граѓани утре да ги избегнуваат централните градски области Таксим, Ѓумшуј и Бешикташ, бидејќи се закажани протести на турските синдикати.

– Ние постојано сме отворени, доаѓаме на работа и доколку треба било каква помош на македонски граѓани слободно може да ни се обратат, а во вечерните часови и телефоните се отворени. Досега сме немале некој македонски граѓанин да пријави дека имал проблем. Ние им упатуваме порака да бидат внимателни и наредниот ден кога ќе бидат синдикалните протести, изјави конзулот Абаз.

Од МНР велат дека досега македонски граѓани не побарале помош ниту во Амбасадата во Анкара.

maxim

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1