Фото: Поради ретка болест тинејџерка личи на 50 годишна жена


Зара страда од ретка, неизлечива болест, која прави да изгледа многу постаро од своите врсници. Овa генетскo пореметување го имаат само 30 луѓе во Велика Британија, а освен Зара, од оваа болест страдаат и нејзината сестра и нејзината мајка.

zara1Иако има огромна поддршка од семејството и роднините, Зара морала да се соочи со суровата реалност и секојдневните дофрлања и слични невкусни ситуации, а била дури и жртва на физичко насилство.

Била нападната во автобус бидејќи користела детска карта, а не можела да докаже дека има само 15 години. Кога тргнла на училиште, нејзините соученици ја помешале со наставничката.

Сепак, Зара одлучила да проговори за својата болка и да се бори за подигнување на свеста кај луѓето за оваа болест.

zara„Понекогаш сум многу лута, но правам се како и сите останати 15-годишни девојчиња и не дозволувам тоа да ме растажи“, изјавила говорејќи за својата болест наречена липодистрофија.

„Растењето со липодистрофија е доста тешко. Децата станаа груби кога тргнав во основно училиште, ме навредуваа и морав да го сменам училиштето. Дури во средно училиште најдов пријатели кои ме прифатија ваква каква што сум“, додава Зара.

Досега и паднале четири заби, а со тек на време планира да направи затегнување на лицето. Приморана е да користи инјекции со колаген за да се зацврсти.

„Некогаш користев многу шминка, но сега се прифатив себеси, бидејќи некои луѓе изгледаа многу полошо од мене“, истакнува ова девојче и додава дека нема проблеми со момчињата бидејќи им се допаѓа.

„Имав неколку дечковци и им се допаѓав поради мојот карактер, а не поради изгледот“, објаснува таа.

Денешен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1