Проблеми во СДСМ – поддржувачите на Црвенковски ќе го бојкотираат Заев


Повеќе од половината поддржувачи на Бранко Црвенковски ќе ја бојкотираат работата на новиот шеф на СДСМ, Зоран Заев, пишува Дневник.  Станува збор за половина од оние 30.000 партиски членови кои се потпишаа на иницијативата Црвенковски да остане на чело на партијата. Нивни претставници за Дневник велат дека се пасивизираат од партиските активности и дека се става под знак прашалник дејствувањето на опозицијата на политичката сцена.

zaev-i-branko– На Конгресот, додека се обраќаше Заев, но и кога зборуваа останатите кандидати, ние ја напуштивме просторијата и воопшто не слушавме, ниту пак нж интересираа нивните концепти – вели висок член на Иницијативниот одбор за Дневник.

– Нашите потписи Црвенковски не ги стави кај што им беше местото, туку во делот кај што требаше да се зборува за четиригодишниот извештај за работата на СДСМ.  Членови на Иницијативниот одбор се видоа со Црвенковски ден-два пред Конгресот. Јасно ни укажа дека си оди од СДСМ и оти не планира да ја стави нашата иницијатива на дневен ред. Ние бевме подготвени на тој чекор и знаевме што ќе се случи, но моравме да ги оправдаме сите што без проблем го ставија својот потпис на списоците. Мислам дека Црвенковски намерно н остави да ја завршиме процедурата за да се издишеме пред 2 јуни – додава соговорникот на Дневник кој подолго време е активен партиски член.

Тие не очекуваат позитивни промени по 2 јуни и сметаат дека поради многуте струи што дејствуваат во СДСМ со години, но и по доаѓањето на Заев на чело на партијата, ќе им се случи раздор, а не обединување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1