По неколкудневни дебати и протести и во отсуство на пратениците од опозицијата собранието го изгласа законот за прекинување на бременоста.
Пратеничките од владејачката партија се убедени дека законот ги штити и правата и здравјето на жената. Ги обвинија пратеничките од опозицијата дека ја дезинформираат јавноста. Според либералите, законот ги третира жените како предмети.
Образложението на социјал-демократите за отсуството беше дека не сакаат да бидат дел од ваквото сценарио на власта.
И со неколкуте амандмани законот за абортус го ограничува правото на избор, сметаат здруженијата. Тие уште еднаш побараа тој да се повлече. А ако не успеат да го убедат претседателот на земјава да не го потпише, најавија дека ќе го оспорат и пред Уставниот суд.
Законот ќе стапи на сила една недела по објавување во службен весник.
Alfa