Утре времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со појава на повремен дожд и грмежи.
На места врнежите ќе бидат поројни и ќе има услови за појава на град.
Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 23 до 30 степени.
Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 28 степени.