Лекови на сите страни: Еве како изгледала собата на Мајкл Џексон пред смртта (Фото)


Полицијата на Лос Анџелес објавила фотографии од куќата на Мајкл Џексон, направени пред смртта на пејачот на 25 јуни 2009 година.

350718_michael-jackson4_ffМајката на Џексон, Кетрин поднела тужба против агенцијата “AEG Live” тврдејќи дека не биле одговорни при проверката на докторот Конрад Мари, осомничен дека на “кралот на поп музиката” му дал смртоносна доза на лекови. На објавените фотографии се гледаат лековите кои Мари му ги препишал на Џексон.

На фотографиите кои британскиот таблоид “Daily Mail” ги опишува како шокантни, може да се види колку Џексон бил зависен од лекови кои ги добивал од доктор Мари.

Сликите покажуваат голем број на лекови и други медицински средства кои биле во спалната соба на пејачот.

261370_ketrin-dzekson-foto-rojter_ff

На една од нив се гледа маса за давање инфузија, која до сега не била прикажана на фотографиите објавени во текот на судењето на докторот.

Во позадина се гледаат и голем број на портрети од неидентификувани бебиња, како и мала слика од Чарли Чаплин.

Кетрин Џексон во тужбата која ја поднела против промоторската агенција “AEG Live” навела дека покрај тоа што не го истражиле докторот, тие не реагирале на знаците кои покажале дека здравјето на нејзиниот син е слабо.

Мари во 2011 година бил осуден за убиство од небрежност, бидејќи на Џексон му дал смртоносна доза од анестетик пропофол.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1