Под притисок од централата на “Мекдоналдс”, а по спорното раскинување на договорот, побарано е натписите да бидат симнати од сите ресторани.
Инвеститорот Светозар Јаневски истакна дека разрешницата ќе ја бара преку институциите, при тоа не потенцирајќи дали ќе оди преку судски пат. Очекува дека спорот ќе се реши за три-четири месеци
Компанијата “СЈ”, која беше носител на франшизата на “Мекдоналдс” во Македонија, вчера ги симна натписите и трговски марки од рестораните.
Како што информираат од компанијата, под притисок од централата на Мекдоналдс”, а по спорното раскинување на договорот, од нив е побарано натписите да бидат симнати од сите ресторани.
Оттаму информираат дека по ненадејното прекинување на успешниот 15-годишен договор за франшиза во Македонија, американскиот гигант за брза храна досега одбивал да влезе во каков било корисен дијалог со својот македонски носител на франшизата што би довело до разрешување на спорниот престанок со работа.
Foto – Utrinski